Новата седмица во Супер типот на Sport Life започнува со зголемени квоти на 16 натпревари од три спорта. Најмногу од нив, девет, се од фудбалот, четири од тенисот и три од кошарката, или вкупно зголемени квоти има дури на 52 игри.
Веќе стандардно, понудата ја отвораат тениските натпревари, а првиот започнува во 12:30 часот. Натпреварите од Ролан Гарос се во преден план кај тениските мечеви, со оглед на тоа дека гранслем-турнирот во Париз се движи кон својата завршница.
Од фудбалот за нас најинтересен е пријателскиот натпревар помеѓу Хрватска и Македонија, а кај кошарката најголемо внимание привлекува мечот од српското првенство помеѓу вечните ривали Црвена ѕвезда и Партизан.