Во Италија со денови се најавува дека Џузепе Марота го договорил трансферот на Алесандро Буонџорно од Торино во Интер. Сепак, сега од Чизмата пристигнуваат нови информации.
Во трката за заменик-капитенот на Биковите се вклучија Наполи и Антонио Конте.
Клубот од подножјето на Везув е подготвен да плати 40 милиони евра, отштетата што ја бара сопственикот на Торино, Умберто Каиро.
Антонио Конте доби над 200 милиони евра за засилувања и планира да доведе неколку врвни играчи за да може веднаш со Наполи да се впушти во трка за уште едно Скудето.