Хансен доби уште една шанса, Алборг ќе се бори за трофејот во ракометната ЛШ

Екипата на Алборг направи големо изненадување и го елиминираше бранителот на трофејот во ракометната Лига на шампиони, Магдебург, во првото полуфинале на завршниот турнир во Келн. Екипата од Данска победи со 28-26, а Микел Хансен доби уште една шанса конечно да го освои трофејот кој му недостасува во кариерата, оној од Лигата на шампионите.

Мечот во Келн беше неизвесен од почетокот до крајот, а ниту една екипа не успеваше да направи поопиплива предност и да се одлепи. Првото полувреме заврши нерешено, 11-11, а легендарниот Хансен мечот го заврши со пет гола.

Во второто полуфинале се среќаваат екипите на Барселона и Кил.

- Оглас -

Најнови вести