Лутите ривали ќе си ги разменат репрезентативците: Киеза оди во Наполи, а Ди Лоренцо ќе го засили Јуве?

Наполи и Јувентус се пред интересна размена на италијанските репрезентативци, Федерико Киеза и Џовани ди Лоренцо, пишува „Спортиталиа“. Оваа зделка може лесно да се реализира бидејќи и двајцата играчи се незадоволни од нивната ситуација во актуелните клубови.

Агентот на Ди Лоренцо веќе изјави дека неговиот клиент сака да го напушти Неапол ова лето, без оглед на неговиот договор кој истекува во 2028 година и неговата капитенска улога.

Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, не го гледа Киеза како дел од неговите планови и фактот дека договорот на крилниот напаѓач има важност само уште една година ја прави неговата продажба многу веројатна.

Според „Спортиталиа“, и двајцата играчи се проценети во опсег од 30 милиони евра, така што директна размена е целосно можна.

Киеза, за кого е заинтересирана и Рома, ќе бара да ја врати формата под водство на Антонио Конте, кој ја презеде клупата на Наполи, додека Ди Лоренцо би можел одлично да ја пополни празнината на десната бековска позиција во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести