Баерн Минхен и Фулам водат конкретни преговори за трансфер на дефанзивниот играч за врска Жоао Палиња на „Алијанц Арена“, пренесува „Скај Германија“.
Сѐ уште нема финален договор меѓу двата клуба, но се очекува наскоро тоа да стане факт. Најверојатно сумата на трансферот ќе биде околу 45 милиони евра.
Палиња веќе договори петгодишен договор со Баварците и побара од клубот дозвола да прејде во Баерн. Желбата на 28-годишниот играч е да ја комплетира зделката пред почетокот на Европското првенство.
Португалскиот интернационалец минатото лето беше на прагот на трансфер во минхенскиот клуб, но во последен момент пропадна сѐ. Фудбалерот од средниот ред потоа забележа 39 настапи со четири гола и една асистенција во сите натпреварувања за тимот на Фулам во неодамна завршената сезона.