Компани купува играч на Ливерпул во Баерн Минхен

Новиот тренер на Баерн Минхен, Винсан Компани, тргнува во акција за нови засилувања. Тој сака да ангажира фудбалер од Премиер лигата, поточно од Ливерпул.

По вкусот на Компани е Џо Гомес, дефанзивецот на Ливерпул. Дваесет и седумгодишниот фудбалер имаше одлична сезона, а може да игра на три позиции – како централен дефанзивец, но и на десната и на левата бековска позиција.

Баерн Минхен ќе достави официјална понуда за Џо Гомес, но проблемот е што тој има актуелен договор со Ливерпул до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести