Германците мораа да направат промена: Емре Џан на местото на Павловиќ во тимот на Нагелсман

Домашната селекција на Германија мораше да направи промена во ростерот само na два дена пред почетокот на Европското првенство. Голем малер е Александар Павловиќ, фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, кој ќе мора да го пропушти настапот на ЕВРО 2024 поради воспаление на крајниците.

Селекторот Џулијан Нагелсман на негово место го повика фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Џан. Искусниот играч за врска ќе конкурира за мечот на отворањето на ЕП против Шкотска в петок од 21 часот.

Павловиќ имаше одлична сезона во дресот на Баерн Минхен и одбра да настапува за Германија, иако потекнува од Србија. Фудбалската федерација на нашиот северен сосед се надеваше дека Павловиќ ќе игра за српската репрезентација, но, сепак, тој се одлучи за Германија, каде што е и роден.

- Оглас -

Најнови вести