Македонската кошаркарска репрезентација во Гевгелија ќе биде домаќин на Косово, во возвратниот меч од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година. Според потврдата од ФИБА, Гевгелија е градот кој е пријавен како домаќин за овој натпревар.
Салата „26 Април“ треба да биде среќна за Македонија на дуелот кој е закажан за 2 декември. На првиот меч кој се играше во Приштина, Македонија славеше со 76:73. Уште една победа над овој ривал ќе значи речиси сигурно прво место во групата и продолжување на походот кон место на завршницата на континенталниот собир.
По двата одиграни меча, Македонија има две победи, додека Косово и Романија уште не го одиграле нивниот меѓусебен дуел.