Англискиот премиерлигаш Саутемптон го официјализираше доаѓањето на офанзивниот играч за врска Адам Лалана.
Враќање во „Сент Мери“ на поранешниот капитен по престојот во Ливерпул, каде што пристигна во 2014 година и Брајтон, каде играше последните четири сезони.
Лалана е некој кој израсна во Саутемптон и таму ги поминал најблескавите години од својата кариера, пред да биде продаден на Ливерпул за 31 милиони евра со кој ги освои Лигата на шампионите и Премиер лигата.
Тој одигра 30 натпревари во целата мината сезона во сите натпреварувања, забележувајќи само една асистенција.