Новак Ѓоковиќ го повреди менискусот во осминафиналето на Ролан Гарос и поради тоа мораше да се повлече од турнирот, а потоа беше решено дека мора да оди на операција. На 5 јуни, хирургот Антоан Жеромет изврши артроскопска операција и најави дека од Ѓоковиќ зависи кога ќе успее да се врати на теренот.
Само девет дена по операцијата, Ѓоковиќ покажа колку е решен да се врати теренот во рекордно време. Српскиот тенисер постираше видео на кое се гледа како напорно вежба што значи дека неговиот процес за враќање на теренот е во полн ек.
Главна цел за Ѓоковиќ сезонава е да игра и да триумфира на Олимписките игри во Париз кои ќе започнат на 26 јуни. Златото од ЛОИ е единствениот голем трофеј кој недостасува ви витрините на легендарниот српски тенисер.
View this post on Instagram