Ламин Јамал стана најмлад играч во историјата на европските првенства

Ламин Јамал, напаѓачот на Барселона, стана најмладиот играч во историјата на Европските првенства кога заигра за шпанската репрезентација во првото коло од групата Б против Хрватска. Тој има само 16 години и 338 дена кога го постави овој рекорд.

Претходниот рекорд го држеше Каспер Козловски од Полска, кој дебитираше на минатото Европско првенство против Шпанија со 17 години и 246 дена. Интересно е дека Козловски го собори рекордот на Џуд Белингам само неколку часови откако Англичанецот заигра на 17 години и 349 дена.

Следната цел на Ламин Јамал би можела да биде да стане најмладиот стрелец на eвропските првенства. Моментно, овој рекорд го држи Швајцарецот Јохан Фонтален од јуни 2004 година.

- Оглас -

Најнови вести