Цела Хрватска е во очај по стартниот пораз (0-3) на нивната фудбалска репрезентација на стартот на Европското првенство. Шпанија ги декласира Лука Модриќ и соиграчите постигнувајќи три гола уште во првото полувреме, а некои фанови ширум „лијепа наша“ тоа едноставно не можеа да го издржат.
Во Шибеник, еден хрватски навивач буквално го зеде телевизорот в раце и го фрли на буниште, за да ги скрати маките гледајќи го очајот на Хрватска на почетокот на ЕВРО 2024.
Видеото стана вирално и веќе има преку 300.000 прегледи и можете да го погледнете тука.