Дуелот помеѓу Србија и Англија привлекува најголемо внимание од сите денешни натпревари на Европското првенство, а во центарот на Гелзенкирхен тешко е да се одлучи дали си во Германија или во Србија.
Голем број на српски навивачи цел ден се забавуваат со по некоја чаша пиво во очекување на првиот натпревар на нивната репрезентација на Европското првенство и прв воопшто на континенталните собири на кој ќе се појават под името Србија.
Помеѓу големиот број на српски знамиња може да се забележи дека има и македонци со националното знаме со 16-зрачното сонце од Кутлеш.
Хит во Германија е и автомобилот „Југо“, со кој пристигнаа навивачи на Србија.