Данска води со 1-0 по првото полувреме на дуелот со Словенија, а стрелец на голот беше Кристијан Ериксен, кој стана највозрасен Данец што дал гол на еден меч од Европско првенство.
Ова беше неверојатен и емотивен момент, бидејќи уште се свежи сеќавањата од пред 1.100 дена, кога истотака во првото коло на претходното Европско првенство, Ериксен колабираше на терен, срцето престана да му работи и лекарите одвај го спасија неговиот живот.
Не се знаеше дали Ериксен ќе продолжи да игра фудбал, а тој не само што продолжи да игра со вграден дефибрилатор, туку еве заигра на ново ЕП и успеа да даде гол негов прв на европските првенства.