Фаворит за победник на ЕП 2024, Англија, со 1-0 ја совлада Србија и ги освои планираните три бода со кои дојде доста тешко, без да блеска и доминира на теренот.
Џуд Белингам во 13-тата минута беше стрелец на единствениот гол на досега најнеефикасниот меч на првенството и меч на кој беа упатени убедливо најмалку шутеви кон головите. Ѕвездата на Реал Мадрид со 20 години и 353 дена е најмлад стрелец на победнички гол во историјата на европските првенства.
Србите имаа една убава шанса за 90 минути и тоа откако од терен неочекувано излезе капитенот и нивен прв стрелец, Александар Митровиќ. Сега на нашите северни соседи им остануваат дуелите со Словенија и Данска во кои ќе бркаат место во осминафиналето.