Капитенот на германскиот национален тим Илкај Гундоган учествуваше на денешниот тренинг на Бундестимот по повредата на глуждот. Играчот на Барселона не покажа видливи проблеми и се очекува да игра на вториот натпревар од групната фаза на ЕВРО 2024 против Унгарија во Штутгарт в среда, соопштуваат светските агенции.
Сите останати 25-мина фудбалери исто така се на располагање на селекторот Џулијан Нагелсман по победата со 5-1 против Шкотска во петокот.
Триесет и тригодишниот Гундоган се повреди на натпреварот во Минхен, кој помина без резултатски проблеми за домаќинот на ЕВРО 2024.
Фудбалерот од средниот ред беше грубо фаулиран од Рајан Портеус во 42-рата минута, а за тој прекршок шкотскиот одбранбен играч доби црвен картон од главниот судија Клемен Турпан.
Илкај Гундоган играше до крајот на натпреварот и потоа го напушти теренот со мраз на десниот глужд. Победа против Унгарија ќе осигури пласман за Германија во нокаут-фазата на Европското првенство.