Англиските навивачи се познати по својата љубов кон пивото и општо кон алкохолот кога се на некое големо натпреварување да ја бодрат својата селекција. Англија синоќа во Франкфурт играше против Данска (1:1), а навивачите стандардно се загреваа за мечот со многу пиво.
Еден од навивачите толку многу се опијанил што заспал на една скала, а на главата му стоеше чаша полна со пиво. Останатите навивачи си направија шоу и досипуваа пиво и чекаа кога чашата или ќе се прелее или ќе се истури. На крајот, чашата падна, пивото се пролеа, а Англичанецот продолжи да спие.
По една ваква снимка не е ни чудо што по првото коло се појави англиски навивач кој се жалеше дека заспал на стадион и никој не го разбудил, па замиот кога се разбудил веќе било четири часот по полноќ и секако немало никој на трибините.
England fans in Frankfurt today.
This is quality… 👏🤣 pic.twitter.com/6diZAA6pQX
— Football Away Days (@FBAwayDays) June 20, 2024