Домаќинот на мака: Ндоје ја погоди мрежата на Германците, нема голови на мечот Шкотска – Унгарија (Видео)

Германците за првпат се во позиција да имаат негатива по првото полувреме на еден меч од Европското првенство. Швајцарија има предност од 1-0 против Германија по првиот дел на натпреварот во Франкфурт и во моментот се наоѓа на првата позиција во групата А.

Дан Ндоје во 28.минута го постигна водечкиот погодок за Швајцарија, совладувајќи го Мануел Нојер со одлична реакција по нафрлувањето од левата страна.

Германците претходно постигнаа погодок во 17.минута преку Андрих, но по прегледувањето на ВАР снимката не беше признат поради прекршок во напад.

На вториот натпревар во групата, Шкотска и Унгарија играат без голови по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести