6867 Франција – Полска (18 ч.)
Франција и официјално го потврди местото во нокаут фазата, па по релаксирано го влегува во дуелот против Полска, која беше единствена селекција што уште по второто коло остана и без теоретски шанси за продолжување кон осминафиналето.
Во последниве 10 години овие две селекции играле само еднаш и тоа на СП во Катар, кога Галските петли лесно победија со 3:1 во осминафиналето, а така се очекува да биде и сега.
Предлог тип: 1&2-4 (1.96)
6868 Холандија – Австрија (18 ч.)
Ако нема некое чудо, двете селекции треба да ја поминат групата, само прашање е од која позиција. Холандија има четири и сигурно ќе игра во нокаут фазата, а Австрија е со три бода. Историјата вели дека во 21 век овие две селекции играле шест пати и секогаш победувале Лалињата.
Австрија ретко губи, игра цврсто, а фактот дека сега и гол-разликата може многу да одлучува, тешко дека ќе има отворена игра.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.24)
6870 Данска – Србија (21 ч.)
Да се иде или не за двете селекции. Данска одигра два пати по 1:1 против Словенија и против Англија, а Србите се последни со само еден бод. Данска има само еден пораз во последните 14 дуели, па не е чудно зошто Србите прават калкулации како може да одат понатаму и со реми.
Во последните 10 години, Данска и Србија имаат одиграно три меча и на сите три Данска победила и секогаш барем со два гола разлика.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.84)
6869 Англија – Словенија (21 ч.)
Пет победи едно реми има Англија во претходните шест средби со Словенија, па јасно е зошто Гордиот Албион и сега е фаворит. Сепак, Англичаните по првите две кола одиграа просечно и постигнаа само два гола, што е премалку ако се знае со какви ѕвезди располага.
Словенија на претходните два меча одигра 1:1 и сега ако остане непоразена ќе игра во осминафиналето, но сепак тоа е малку веројатно.
Предлог тип: 1-1&2+ (2.23)
5605 Ал Ахли – Замалек (18 ч.)
Ова е најголемото фудбалско дерби на целиот африкански континент. Двата тима се од Каиро и ова е познат дуел како Дербито на Каиро. Според актуелната состојба и форма, Ал Ахли е голем фаворит. Покрај тоа што игра на свој терен, Ал Ахли е во низа од седум победи во низа во првенството.
Замалек има само 10 победи од 20 меча, па затоа не случајно е многу зад својот најголем ривал. Сепак, Замалек победи на последниот нивни дуел, одигран пред два месеци и тоа со 2:1.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)