Пелистер од третиот шешир во четврток ќе ги чека ривалите во ЛШ

Македонскиот ракометен првак Пелистер од третиот шешир ќе ги чека противниците при извлекувањето на групите за годинашното издание во Лигата на шампионите. Нашиот шампион доби вајлд-карта за учество во ракометната Лига на шампиони оваа сезона.

Пелистер е сместен во третиот шешир заедно со екипите на Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и на Колштад.

Во првиот шешир се Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем и ПСЖ, додека во вториот шешир се најдоа Фуксе Берлин, Кјелце, Пик Сегед, Нант и Фредериција.

Извлекувањето за групите во ЛШ е закажано за 27 јуни од 17.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести