Со само еден даден гол во три меча и без ниту една победа, Србија го заврши настапот на Европското првенство. Србите завршија како последни во групата во која едвај во 95 минута погодија само против Словенија и тогаш за да се спасат од пораз (1:1).
Претходно загубија од Англија (1:0), а во мечот кој требаше да го добијат одиграа без голови против Данска. Очајно делуваше играта на Србија, која беше во подредена состојба во однос на Данска, а тоа го знаеја и навивачите на трибините.
Токму затоа, по завршување на дуелот, кога фудбалерите на Србија се обидоа да ги поздрават своите фанови на трибините, беа избркани и „наградени“ со свирежи и негодувања.
Navijači Srbije oterali igrače posle ispadanja sa Eura! pic.twitter.com/kzuiu2GTBm
— Premier99 (@Premier99999) June 25, 2024