Англиските фанови не се задоволни, го гаѓаа Саутгејт со празни чаши (Видео)

Пред почетокот на годинашното Европско првенство кое се игра во Германија, Англичаните беа еден од главните, ако не и главниот фаворит за освојување на титулата.

Ја завршија групната фаза како првопласирани, но далеку од тоа дека Англичаните се доминантни.

Во првиот натпревар успеаја да ја победат Србија со 1-0 со голот на Белингам, а потоа ремизираа и против Данска и против Словенија.

Своето незадоволство англиските фанови не го криеја по вечерашниот дуел со Словенија (0-0) и одлучија да го покажат кога судијата отсвири крај.

Репрезентативците на Англија и селекторот Саутгејт отидоа да ги поздрават навивачите, а тогаш се случи нешто на што не сме навикнати. Англиските навивачи го гаѓаа својот селектор Герет Саутгејт со празни чаши.

- Оглас -

Најнови вести