Белгија одигра кукавички против Украина и го доби можеби најтешкиот ривал во осминафиналето

Дерби меѓу Белгија и Франција ќе има во осминафиналето на Европското првенство. Ова стана јасно откако Белгија одигра без голови против Украина во последното коло од групната фаза и го освои второто место во групата, па едноставно налета на Франција која е втора во Д групата.

Романија која заврши како прва во Е групата се очекува да игра против Словенија или евентуално Холандија, додека Словачка која е третопласирана во Е групата за ривали може да ги добие Шпанија или Англија.

Сите дилеми ќе бидат познати по завршување на вечерните мечеви од Ф групата кога и ќе се комплетира групната фаза од континенталниот турнир.

- Оглас -

Најнови вести