Среќата му сврте грб на еден обложувач од Берово и тоа на брутален начин, само еден гол недостасуваше овој играч да има тикет со бруто добивка од 2,5 милиони денари, а со минимална уплата од 20 денари.
Во објект на Sport Life во Берово, во средата вечер е уплатен тикет со 21 парови и кај сите е прогнозирано дека во двете полувремиња ќе има од еден до три гола. Сите 10 меча од средата вечер излегоа добитни, имаше од еден до три гола во двете полувремиња, останаа уште 11 меча за во четвртокот.
Од сите натпревари на тикетот, само на еден не беа постигнати еден до три гола во двете полувремиња. Тоа е дуелот на узбекистанските клубови Пахтакор и Бунјодкор кој е играше завчера од 17 часот. По првото полувреме беше 1-0, а мечот и заврши така. Ако паднеше гол во второто полувреме, овој феноменален тикет со вкупна квота од 127.000 ќе беше добитен.