Германија со 2:0 ја победи Данска и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, во меч кој беше возбудлив од повеќе аспекти. Прво беше поништен погодок на Германија во првиот дел, а потоа мечот имаше и 20-25 минути прекин поради невремето кое го зафати Дортмунд.
Во вториот дел, Данска беше таа која прва се израдува, но нивното славје кратко траеше. Андерсон даде гол и ги шокираше домашните фанови на стадионот „Вестфален“ во Дортмунд, но ВАР системот „се јави“, а по прецизна проверка, утврди дека имало офсајд позиција и тоа за само неколку милиметри, односно врвот на копачката на еден дански играч бил понапред од дозволеното, па голот беше поништен.
Само 100-тина секунди подоцна ВАР системот повторно беше во главна улога, но овојпат на спротивната страна кога сигнализираше дека треба да има пенал за Германија, по кој Панцерите поведоа со 1:0 и си го отворија патот кон четвртфиналето.