Неверојатно: Хрватите ја разбија Словенија на Дончиќ, а загубија од Нов Зеланд

Кошаркарската репрезентација на Хрватска по големата победа од 108-92 против Словенија, киксираа во дуелот со Нов Зеланд, загубија со 86-90 и малку си ги искомплицираа работите околу пласманот на Олимписките игри во Париз.

Клучна беше последната четвртина во која хрватскиот тим уфрли само 7 поени. Поразот на Хрватите е проблематичен и за Словенија, која сега мора да победи барем со 11 поени разлика против Нов Зеланд за да биде втора во групата и да оди понатаму. Но, вториот од оваа група, во полуфиналето веројатно налетува на домаќинот на квалификацискиот турнир Грција.

Хрватска може да биде прва и да игра полуфинале веројатно со Доминиканска Република, но може да падне и на второ место ако Нов Зеланд ја совлада и Словенија, или Словенците го победија Нов Зеланд со над 28 поени разлика. Само победникот на турнирот во Пиреја оди на олимпискиот турнир во кошарка во Париз.

- Оглас -

Најнови вести