Првото полувреме на средбата помеѓу Уругвај и Бразил од четвртфиналето на Копа Америка, донесе една интересна сцена, но непријатна за фановите на Барселона.
Откако Роналд Араухо кој е Уругваец и игра за Барса, го удри младиот Бразилец Ендрик кој летово му се приклучува на Реал, во одбрана на сонародникот Ендрик прв притрча Рафиња кој му е тимски колега на Араухо во каталонскиот клуб.
Рафиња го турна Араухо на земја и на тој начин му се одмазди за некоректниот потег на Уругваецот кон сонародникот на Рафиња. Араухо брзо после ова се повреди и мораше да излезе од игра уште пред крајот на првото полувреме.
Ако Рафиња и Араухо останат во Барса, ќе биде интересно како ќе соработуваат после овој инцидент.
https://twitter.com/i/status/1809760002019864867