Јурај Куцка донесе триумф за Слован, одбраната на Струга ТЛ не беше на ниво (Видео)

Македонскиот првак Струга Трим Лум загуби со 4-2 во првиот меч на гости против Слован Братислава во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. По лошиот прв дел, во кој Слован обезбеди два гола позитива, Струга ТЛ успеа да израмни во вториот дел, но во финишот искусниот Јурај Куцка погоди двапати за триумф на словачкиот шампион.

Во 16-тата минута, Владимир Вајс јуниор обезбеди почетна предност за Слован. Доби топка од Стрелец, излезе сам пред голманот Дујмовиќ и го совлада.

Во 36-тата минута Роберт Мак со одличен удар од далечина зголеми на 2-0.

Струга ТЛ заигра многу подобро на почетокот на второто полувреме. Во 55-тата минута, Бесарт Ибраими изнуди пенал и самиот го реализира за 2-1.

Во 74-тата минута, Буњамин Шабани од десната страна одлично реагираше и му сервираше гол на празна мрежа за израмнување, 2-2.

Но, Слован Братислава додаде гас, а Струга ТЛ направи кардинални грешки во одбраната, па Јурај Куцка постигна два гола. Нафрлените топки беа кобни, голманот Дујмовиќ не реагираше најдобро, па Куцка со удар со глава погоди во 85-тата и во 91-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести