Излегоа квотите за финалето на ЕП: Познато е кој ќе ја има улогата на фаворит за златото

Шпанија и Англија ќе играат во финалето на Европското првенство кое изминативе 30 дена се игра во Германија. Тоа се двете селекции кои одиграа најдобро, имаа најдобра тактика, стратегија, но и среќа, па в недела ќе се појават на „Олимпискиот стадион“ во Берлин и ќе се борат за континенталната титула.

Шпанија има три трефеи и ова е шанса да биде првата репрезентација со четири злата. За разлика од Црвената фурија, Англија мечтае за првото злато.

Низ историјата, овие две селекции одиграле голем број важни мечеви, а интересно е дека во последните пет пресметки, двете земји се радувале по двапати, а еднаш било нерешено.

Според коефициентите во Sport Life, Шпанија ја има фаворитската улога. Тоа е и очекувано ако се знае дека Шпанците во досегашниот дел од турнирот одиграа најквалитетно и победија во сите пет средби.

Од друга страна, Англија играше неубедливо, но стигна до целта да игра во финалето. Со гол во 90+ минута ја победи Холандија, против Швајцарија славеше на пенали, со Словачка победи по продолженија, а во групната фаза ремизира против Словенија и Данска, а Србите ги победи само со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести