1948 Макаби Тел Авив – Макаби Петах Тиква (19.00 часот)
На последните пет натпревари меѓу овие два тима се постигнати најмалку по три гола, на некои од нив и повеќе. Нема причина така да не биде и на претстојниот дуел, кој всушност е меч за Суперкупот на Израел. Макаби Тел Авив е фаворит и се очекува да слави триумф.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.95)
5251 Замалек – Баладијет Ел Замалах (20.00 часот)
Гостите се во серија од пет порази кога играат надвор од дома и не делуваат како тим кој би можело да изненади. Замалек е квалитетен, посебно пред домашните гледачи и се очекува да слави убедлива победа на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.79)
2609 Хамарби – Гетеборг (19.00 часот)
Натпревар од шведското првенство. Ако се погледнат претходните натпревари, речиси секогаш има голови, па предлогот е да се одигра дека и во двете полувремиња ќе има најмалку еден, а најмногу три гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)
2833 Петролул Плоешти – Глорија Бузау (20.30 часот)
На последните пет натпревари на овие два тима никогаш не биле постигнати повеќе од два гола. Вреди да се одигра дека и на овој натпревар ќе има мал број погодоци, посебно што ова е дуел од првото коло во новиот романски шампионат. Петролул нема да сака да загуби дома, а Глорија Бузау сигурно ќе биде задоволна да избегне пораз.
Предлог тип: 1X & 0-2 (1.88)
2836 Хафнарфјордур – Копавогур (21.15 часот)
На четири од петте последни меѓусебни дуели биле постигнати најмалку по четири гола. Нема причина да не ја поддржиме традицијата и да одиграме на многу голови. Хафнарфјордур е фаворит, но Копавогур е тим кој игра отворено и умее да постигне гол речиси на секое гостување.
Предлог тип: 4+ (1.79)