Линекер: „Време е Саутгејт да си оди. Клоп? Јас сум за некој уште поголем од него“

Не стивнуваат реакциите во Англија по загубеното финале на Европското првенство од Шпанија со 2-1. Се анализира работата на селекторот, многумина сметаат дека Англија игра премногу дефанзивно, па решението го гледаат во промена на селекторот. Еден од оние кои се на тој став е и Гери Линекер, поранешниот фудбалер на Барселона со 80 настапи за репрезентацијата на Англија.

„Мислам дека тој (н.з. Герет Саутгејт) беше вистинската личност да ја обедини нацијата околу фудбалската репрезентација, но сега можеби е време да некој друг да дојде на негово место и да игра модерен, напаѓачки фудбал. Мислам дека во фудбалот веќе не можеш да бидеш успешен ако само играш дефанзивно“, вели Гери Линекер.

Следуваше прашање дали Јирген Клоп е идеалното решение за селекторската позиција, со оглед на тоа дека Германецот во моментов е слободен.

„Јас би одел на варијанта со некој многу поголем од него, Пеп Гвардиола. Клоп дава впечаток дека нема никаква волја за работа, неговата желба е само да се одмори“, додава Линекер.

- Оглас -

Најнови вести