Репрезентацијата на Англија остана без селектор откако Герет Саутгејт си поднесе оставка од функцијата. Заминувањето на Саутгејт доаѓа по загубеното финале на Европското првенство од Шпанија со 2-1.
Многу критики и незадоволство има во Англија, пред сè од начинот на игра на репрезентацијата, но и неуспехот со второто загубено финале во серија на континенталните собири.
Герет Саутгејт си оди од клупата на Англија по осум години и 102 натпревари на кои Гордиот Албион забележа 61 победа, но и покрај тоа не успеа да дојде до трофеј од европско или светско првенство.