Како Лени Јоро наместо во Реал, заврши во Јунајтед? Лил го уценувал младиот фудбалер!

Младиот француски дефанзивец, Лени Јоро, долго се најавуваше дека ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, но на крајот изненадувачки потпиша за Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ на Лил ќе му платат 60 милиони евра заедно со бонусите, а Реал Мадрид не сакаше да ја плати истата сум, иако желбата на Јоро беше да се пресели во „кралскиот“ клуб.

18-годишниот фудбалер имаше договор со Лил за само уште една сезона, па следнто лето можеше да си замине како слободен фудбалер и беше подготвен на тоа, а тоа беше прифатливо и за Реал Мадрид. Сепак, Фабрицио Романо објавува дека фудбалерот бил уценуван од неговиот клуб за да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед.

„Лил правел голем притисок на Јоро. Од она што ми е кажано, вистината е дека Лил му кажал на Јоро, ако остане и бесплатно замине во Реал Мадрид следното лето, дека нема да игра воопшто следната сезона.“ – вели Фабрицио Романо.

Лени Јоро иако има само 18 години, за екипата на Лил одигра 44 натпревари во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести