Унгарците дојдоа во Париз, а никој не знае каде е олимпискиот шампион Милак

Криштоф Милак, најголемата пливачка ѕвезда на Унгарија, ја загрижи јавноста во својата татковина, бидејќи веќе со денови никој нема информации за него.
Пливачите на Олимписките игри го започнуваат своето натпреварување во сабота, а делегацијата на Унгарија пристигна во Париз без олимпискиот шампион и големиот фаворит за две златни медали.

Според информациите, Милак пред седум дена исчезнал без трага и никој не го видел ниту слушнал. Дури ни неговиот тренер Вирт Балаж.

Милак е пријавен за трките на 100 метри и на 200 метри пеперутка во кои го брани златото од Токио, како и за штафетата на Унгарија на 4×100 метри слободно.

Останува да се види дали пливачот ќе се појави во наредниот период, но вестите кои доаѓаат од Унгарија се загрижувачки.

- Оглас -

Најнови вести