Никола Ѓуретановиќ беше првиот македонски спортист кој настапи на Летните олимписки игри во Париз. Младиот 16-годишен Ѓуретановиќ беше дел од квалификациите на 400 метри слободно ги заврши под својот рекорд.
Тој заврши последен во својата група. Трката од 400 метри слободно ја исплива со резултат 4:05.38, што е под неговиот рекорд, а тоа е 4:02.61 мин.
„Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, бев многу возбуден. Но сепак ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави младиот Ѓуретановиќ за сајтот на МОК.
За македонските олимпијци, следниот настап е веќе утре (недела). Анастасија Мојсовска која во стрелаштво ќе настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.