ФИФА ја одби жалбата на Аргентинците за скандалозниот олимписки меч со Мароко

Светската фудбалска федерација, ФИФА, ја одби жалбата на Аргентина по скандалозниот натпревар со Мароко од фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Одлуката на ФИФА ја објави претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, кој додаде дека ја истражуваат можноста за жалба на одлуката. Тој информираше дека поднеле официјално барање да им се додели боди да се казнат виновниците за скандалот.

Во првото коло од групната фаза на олимпискиот фудбалски турнир, Аргентина загуби од Мароко со 1-2. Во 16-тата минута од судиското продолжение во вториот дел, Аргентина израмни, но судијата Глен Ниберг отиде да ја гледа видео репризата за можен офсајд. Во тој момент на трибините на стадионот во Сент Етјен избувнаа нереди и судијата ги извади екипите од теренот, а гледачите беа замолени да го напуштат стадионот. Паузата траеше околу два часа. По рестартот, играта продолжи уште 2 минути, но аргентинскиот гол беше поништен по прегледување на снимка.

„Дисциплинската комисија на ФИФА го отфрли тврдењето што го кажавме по настаните што се случија на натпреварот против Мароко. Ќе побараме да ни бидат претставени аргументите за одлуката и потоа ќе размислиме дали и каде да се жалиме“, напиша Тапија на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести