Милан го победи Манчестер сити, Арсенал подобар од Манчестер јунајтед (Видео)

Фудбалерите на Милан во Њујорк, во пријателски натпревар, го победија англискиот првак Манчестер сити со 3:2, додека Арсенал во Инглвуд беше подобар од Манчестер Јунајтед со 2:1.


Манчестер сити го запиша вториот пораз на американската турнеја, по поразот (3:4) против шкотскиот првак Селтик. Иако Норвежанецот Халанд во 19-та минута го доведе Манчестер сити во водство, до полувремето Милан имаше предност по двата гола на Лоренцо Коломбо, во 30-та и 34-та минута.

Мекати во 55-та минута израмни на 2:2, но победата на Милан ја обезбеди Насти со голот во 78-та минута.

На другата страна на САД, во калифорнискиот Инглвуд, Арсенал со 2:1 го победи Манчестер јунајтед кој поведе со голот на Расмус Хојлунд во 10-та минута.

Габриел Жесус израмни во 26-та минута, додека победата на Арсенал ја обезбеди уште еден Бразилец, Габриел Мартинели, девет минути пред крајот на мечот постигна гол за 2:1.

- Оглас -

Најнови вести