Одби да се бори против Израелец, го исфрлија од ЛОИ, а му се заканува и десетгодишна суспензија

Алжирскиот џудист Дрис Месауд е исфрлен од Олимписките игри, а најверојатно му следи и долгогодишна суспензија.

Месауд (22) одби да излезе на борилиштето против ривалот од Израел, Тохар Бутбул, по што следуваше автоматска дисквалификација.

Тие двајца требаше да се соочат во претпладневните часови на третиот натпреварувачки ден, но тоа не се случи.

Причината е секако војната меѓу Израел и Палестина против која Месауд, како голем муслимански верник, протестира. Колку се силни неговите убедувања сведочи и фактот дека требаше да дебитира на Олимписките игри.

По ова, се огласи и Олимпискиот комитет на Израел, кој го осуди потегот на Дрис Месауд.

„Противникот на Тохар Бутбул самиот се отстрани од натпреварувањето. Израелската делегација ќе продолжи да се натпреварува со олимписките вредности, веруваме дека ваквото однесување нема место во спортот,” наведоа од Олимпискиот комитет на Израел.

Пред три години во Токио се случуваа слични ситуации со сериозни последици.

Сонародниците на Месауд, џудистот Фети Нурин и неговиот тренер Амар Бенихлеф, беа суспендирани на 10 години бидејќи од идентични причини одбија борба со натпреварувач од Израел.

- Оглас -

Најнови вести