Поранешен фудбалер на Монако и на Фенербахче потпишува за Гостивар (Видео)

Македонскиот прволигаш Гостивар го доведе фудбалерот со најголемо педигре што досега заиграл во македонското првенство. Најново засилување за гостиварци ќе биде поранешниот крилен напаѓач на Монако и на Фенербахче, Набил Дирар (38).


Мароканскиот интернационалец (38) пет сезони играше за турскиот гигант Фенербахче, од 2012 до 2017 година, а беше дел од тимот и во дуелите против Вардар, во сезоната кога натрофејниот македонски клуб успеа да се пласира во групната фаза од Лига Европа.

Набил Дирар во периодот од 2012 до 2017 година го носеше дресот на францускиот прволигаш Монако, а претходно беше член и на белгискиот Клуб Бриж.

Дирар доаѓа во Гостивар од Шифланш 95, клуб од Луксембург, и се очекува во текот на денешниот ден да биде официјално прретставен како ново засилување на македонскиот прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести