Барселона не го пријави за настап во Ла Лига дефанзивецот вреден 70 милиони евра

Шпанските медиуми пренесуваат информација дека Барселона на списокот со регистрирани фудбалери за настап во Ла Лига за следната сезона го изоставила уругвајскиот дефанзивец, Роналд Араухо.

Централниот дефанзивец во моментов вреди 70 милиони евра и навистина е изненадување тоа што фудбалерот е изоставен, но ваквата одлука се толкува како порака до заинтересираните клубови дека Араухо е на продажба.

Раководството на „каталонците“ убедува дека финансиската состојба на клубот се стабилизира и тргна по ангажман на скапи засилувања, но овој потег октрива дека реалната состојба и не е баш таква, па продажбата на Араухо е можност да се обезбедат пари за нови фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести