Фенербахче и дефинитивно ќе игра плејоф откако лесно го совлада Анадолу Ефес во турското дерби со убедливи 84:66. Избраниците на Жељко Обрадовиќ ја остварија 21-та победа, а во нокаут-фазата ќе имаат предност на домашен терен.
Победата ќе има посебно значење за Костас Слукас, кој со своите 17 поени стигна до границата од 1.000 поени во Евролигата. Покрај плејмејкерот на домаќините, Калиниќ беше ефикасен со 15 поени, 13 додаде Датоме. Кај поразените, најрасположен играч беше Моерман со 18 поени.
Макаби Тел Авив со убедливи 77:58 го совлада најслабиот тим сезонава во Евролигата, Дарушафака, па со 11-тата победа ги одржа во живот шансите за пласман во плејоф-фазата од елитниот континентален шампионат.
Панатинаикос оствари двојна победа над Гран Канарија, по убедливите 102:87 на домашен терен, вечерва беа сигурни со 99:80 за исто така 11-ти триумф. Претходно, Армани Милано славеше на гости кај Химки со минимални 90:88.