Ѓоковиќ сега е и олимписки бог: Србинот го доби финалето на ЛОИ против Алкараз

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го освои и тоа што му недостигаше во неговата блескава кариера. Успеа да стигне до олимписко злато откако во финалето на ЛОИ во Париз го совлада Карлос Алкараз со 2-0 во сетови (7-6, 7-6).

Сега Ѓоковиќ е и олимписки бог, откако урна толку многу рекорди и достигна до неверојатни височини со титулите на гренслем титулите.

Ѓоковиќ знаеше како може да го победи одличниот Алкараз, во меч без ниту еден брејк. Да го одведе сетот во тај-брејк, и таму со максимална фокусираност, потпирајќи се на своето искуство, да успее да го надмудри Шпанецот.

Во првиот сет тоа му успеа во 13-от гем, кога славеше со 7-3 на поени. Ѓоковиќ, речиси идентично, го повтори тоа и во вториот сет, со 7-2 на поени.

На крајот, 7-6, 7-6, за бесмртност и влез во легендите, никакви дамки и дилеми.

- Оглас -

Најнови вести