Јувентус би го продал Киеза за само 15 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Јувентус по секоја цена сака да се раздели со Федерико Киеза ова лето. Клубот е подготвен да стори сè да се ослободи од него сега, затоа што влегува во последната година од договорот.


Новиот тренер Тиаго Мота дури и јавно изјави дека италијанскиот репрезентативец не е во неговите планови за новата сезона. Поради ова Јувентус и ќе ја намали цената за Киеза, само да ја реализира зделката за негова продажба.

Италијанските медуми откриваат дека Јувентус е подготвен да го продаде Федерико Киеза за само 15 милиони евра. Ова е двојно помалку од сумата што ја бараше на почетокот од летото од 30 милиони евра.

Јувентус го доведе Киеза од Фиорентина во 2020 година, првично на позајмица за 12,6 милиони евра, со обврска да го откупи две години подоцна за дополнителни 44,6 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести