Репрезентацијата на Франција е третиот полуфиналист на одбојкарскиот турнир во машка конкуренција на Летните олимписки игри во Париз. Тие по сличен рецепт како и Италија дојдоа до пласман помеѓу најдобрите четири селекции, односно со пресврт од 0-2 до 3-2.
Германија одигра два одлични сета и поведе со 2-0 откако беа подобри од Франција со 25-18 и 28-26. Сепак, во продолжение од мечот следуваше комплетен пресврт на домашната селекција. Франција најпрво намали на 2-1, откако го доби третиот сет со 25-20. Следуваше уште еден одличен сет на французите, 25-21 и израмнување на 2-2, а во тај-брејкот домаќинот славеше со 15-13 и закажа полуфинале против Италија.
Тоа значи дека во полуфиналето ќе гледаме дуел на две селекции кои со пресврт од 0-2 до 3-2 дојдоа во борбата за медали на Олимпијадата во Париз.