Србија губеше со 24 разлика, па после продолженето ја совлада Австралија на ЛОИ

Репрезентацијата на Србија е вториот полуфиналист на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако во драматичен и неизвесен меч ја совлада Австралија со 95-90. Србите долго во мечот беа во загубена позиција, но одличниот финиш лесно можеше да им донесе и победа во регуларниот дел, но Австралија и покрај водството од +24 во втората четвртина, на крајот се избори за продолжение, во кое србите беа поуспешни и сега го чекаат подобриот од дуелот помеѓу САД и Бразил во борбата за медал на Олимпијадата.

Натпреварот започна израмнето, но така беше се до 19-17 за Австралија, бидејќи следуваше серија од 12-0 за австралијанците за неверојатно водство од 31-17 на првата мини пауза. Во вториот период Австралија дојде и до убедливи +24, односно 44-20, но Србија се врати резултатиски, па до крајот на полувремето намали на само +12 за Австралија.

Клучниот период за србите беше третиот, кој заврши во нивна корист со 25-11, а вистинска драма се случуваше во последниот период. Србија постојано водеше, а Австралија се избори за продолжение на само 1.8 секунди до крајот со кошот на Милс од свртување. Резултатот после 40-те регуларни минути гласеше 82-82.

Во продолжението на австралијанците им тргна шутот за три поени, долго имаа водство, но тогаш на сцена стапи расположениот Никола Јокиќ, кој со два коша по ред направи пресврт за водство од 93-90, што на крајот се покажа и како клучно за победата од 95-90 за Србија.

Милс со 26 поени беше најефикасен на мечот, додека неговиот соиграч од австралиската репрезентација, Гиди, уфрли поен помалку. Никола Јокиќ со 21 поен, 14 скока и осум асистенции беше најдобар поединец во победничкиот состав.

- Оглас -

Најнови вести