Французите ја победија Канада и закажаа полуфинале против Германија

Канада беше рангирана како еден од кандидатите за медал на олимпискиот кошаркарски турнир, но домашната селекција на Франција успеа да ја сопре во четвртфиналето и да ја елиминира пред разврската за медалите.

Јабуселе, Кординие, Вамбанјама и друштвото со поддршка од френетичната публика во „Акор арена“ во Париз ја победија Канада со 82-73 и закажаа полуфинална пресметка против Германција.

Во второто полуфинале, Србија го очекува подобриот од дуелот меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил, кој е закажан за вечерва од 21.30 часот.

Франција најави дека размислува за полуфинале уште во првата четвртина која ја доби со 23-10. На полувремето Триколорите имаа големи 16 поени предност (45-29), а не го испуштија водството сѐ до крајот на дуелот, иако Канада се доближи во последниот период.

Гершон Јабуселе беше стрелец на 22 поени кај Франција, а Исаја Кординие уфрли 20. Кај Канаѓаните, најрасположен беше Шеј Гилгес – Александер со 27 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести