Ѓоковиќ е најголемиот: Наградата од 200.000 евра за златото во Париз ќе ја донира во хуманитарни цели

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи сите пари од наградата која му следува за освоеното злато да ги донира во хуманитарни цели.

Ѓоковиќ, како олимписки шампион, со одлука на Владата на Србија е награден со 200.000 евра, но според сознанијата на српскиот портал „Курир“, одлучил целиот тој износ да го донира за хуманитарни цели.

Ова е уште еден гест вреден за секоја пофалба, со кој Новак повторно ја докажа својата големина.

„Никогаш не можев да се откажам од сонот за освојување на златниот медал, како што народот во Србија никогаш не се откажа од мене. Заедно верувавме во невозможното. Иако сум јас тој што го држи медалот, сакам секој Србин да знае дека ни припаѓа на сите нас“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести