Аталанта ќе доведе италијански репрезентативец на местото на повредениот Скамака

Италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги е на чекор од трансфер во Аталанта. Според информациите од Италија, Џенова постигнала договор со шампионот во Лигата на Европа за трансфер вреден 22 милиони евра, плус 3 милиони евра во форма на бонуси.

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, се реши за оваа опција откако Џанлука Скамака заработи тешка повреда, ги скина лигаментите на коленото и нема да се врати на терените пред пролетта следната година.

Ретеги, кој беше дел од составот на Италија на Европското првенство, дојде во Серија А минатото лето. Тој постигна девет гола и имаше три асистенции во 31 натпревар за Џенова во првенството и во Купот на Италија.

Аталанта на 14 август го игра дуелот од Суперкупот на Европа против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести