Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ на фантастичен начин ги стартуваше настапите на Олимписките игри во Париз во категоријата до 57 килограми. Иако ждребот не ѝ беше наклонет на нашата спортистка, таа со одлука на судиите (2-1) успеа да ја победи Џејд Џонс од Велика Британија, искусната таеквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир, а воедно е и двократна олимписка шампионка од ЛОИ во 2012 и 2016.
Рељиќ се бореше храбро, даде силен отпор и не сакаше да се помири со пораз против светската шампионка од 2019 година, како и трикратка победничка од европските првенства.
Рељиќ поведе со 0-1, а потоа Џонс успеа да израмни. На крајот, судиите и ја доделија победата на македонската таеквондистка.