Главните фаворити за трофејот, РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер, со победи го стартуваа 52-рото издание на Струшкиот ракометен турнир.
Вардар во првото коло го победи Тиквеш со 34-27 (15-11). Најефикасен беше Томислав Јагуриновски со шест гола, а по пет дадоа Ларс Коиј и Марко Срдановиќ.
Ракометарите на Е. Пелистер го декласираа домаќинот Струга со убедливи 39-22.
Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ беа предводници во победата постигнувајќи по шест гола.